ВИДЕО: САД ги укинуваат санкциите за иранската нафта што моментално е во транзит

Од:

САД објавија дека привремено ќе ги ублажат санкциите за иранската нафта што моментално се транспортира со танкери.

Министерството за финансии на САД соопшти дека „продажбата, испораката или истоварот на сурова нафта или нафтени производи од иранско потекло натоварени на кој било брод“ на или пред 20 март ќе биде „одобрен“ до 19 април.

Министерот за финансии, Скот Бесент, навести за можноста во четврток, велејќи дека САД може да ги укинат санкциите за „иранската нафта на море“, објави агенцијата ДПА.

„Всушност, ние ќе користиме ирански барели против Иранците за да ги одржиме цените ниски во следните 10 до 14 дена додека ја продолжуваме оваа кампања“, изјави Бесент за Фокс њуз, осврнувајќи се на „околу 140 милиони барели“.

САД претходно привремено дозволија купување руска нафта што моментално се транспортира по море, во обид да се зголемат глобалните залихи како што растат цените на енергијата.

Би можело да ве интересира

За малку ќе избувнела тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците, објави турски новинат

Катерина Ѓуровски

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски