(ВИДЕО) Руските војници пишуваат „посвети“ на гранати за уривање: „Дугина, ќе те одмаздиме“

Од:

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како војниците на рускиот претседател Владимир Путин пукаат гранати кон украински цели со зборовите „За Дарија Дугин“ – ќерката на сојузникот на Путин Александар Дугин, кој неодамна беше убиенa во обид за атентат од страна на ФСБ.

На видеата се гледаат руските сили од баталјонот Спарта во источна Украина како пишуваат „За Дарија Дугин“, „Р.И.П. Дарија Дугин“ и „Р.И.П. девојко ќе те одмаздиме“ на гранати.

Потоа се гледаат војници како пукаат со „потпишана“ муниција кон украинските сили.

„За Дарија Дугина – оган“, се слуша како вели еден од руските војници непосредно пред лансирањето на ракетата, пишува Дејли мејл.

Друг војник додава дека на тоа ја предупредиле другата страна.

„Нацистите ќе мора долго да го слушаат името на Дарија додека пораките од нашите момци летаат кон нив. Ќе бидете казнети за ова злосторство, драги соседи“, рекол друг војник.

Руските власти ја обвинија Украинката Наталија Вовк за атентатот, за која велат дека е шпион, и тврдат дека таа скришно влегла во Русија – со себе ја донела својата 12-годишна ќерка и ја следела Дугина со недели пред да го активира смртоносниот автомобил.

ФСБ објави и фотографија од нејзиниот пасош. Сепак, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу ги отфрли тврдењата како дел од пропагандата на Путин.

„Сметаме дека ова е еден пример за провокација во многу долгата серија провокации од страна на Руската Федерација и немаме што повеќе да кажеме за тоа во овој момент“, рече министерот, додавајќи дека Русија не побарала екстрадиција на Вовк.

Дугина беше убиена минатата сабота навечер кога нејзиниот автомобил експлодираше во вечерните часови. Дугина и нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој ги доби прекарите „Мозокот на Путин“ и „Распутин на Путин“, таа вечер присуствуваа на литературен фестивал во близина на Москва.

Иако беше планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент реши да земе друг автомобил. Многумина шпекулираа дека тој бил вистинската цел на атентатот, но тоа се уште не е потврдено од истрагата.

Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиството на Дугина, но кабинетот на украинскиот претседател ги отфрли овие наводи, како и обвинувањата на ФСБ кои следеа во деновите по убиството.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски