Рускиот товарен вселенски брод „Прогрес 57“ кој вчера беше успешно лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан, денеска се спои со Меѓународната вселенска станица, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“.
„Прогрес 57“ треба да достави три тони храна, гориво, кислород и апарати за научни експерименти за шестмината астронаути на Меѓународната вселенска станица.
Руската ракета беше испратена во вселената само неколку часа по неуспешното лансирање на американска ракета „Антарис“ која носеше 2,2 тона храна и опрема за Меѓународната вселенска станица. „Антарис“ есплодира веднаш по ланисрањето од космодромот во Вирџинија.
Мисијата на „Прогрес 57“, според „Роскосмос“ засега се одвива според планот и без никакви проблеми. Рускиот брод ќе остане на Меѓународнста вселенска станица шест месеци.