ВИДЕО: Руски воен блогер убиен со бомба во кафуле, снимен моментот кога му го даваат експлозивот

Од:

Еksplozija во кафуле во Санкт Петербург го уби познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи. Најмалку 25 лица се повредени во експлозијата на бомба.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа експлозијата и повредени луѓе на улица. Владимир Татарски (вистинско име Максим Фомин) беше истакнат пропагандист на руската државна политика и гласно ја поддржуваше руската војна во Украина.

Тој беше поканет како говорник на настанот што се одржа вчера во кафуле во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Во руските медиуми се појавија контрадикторни информации за експлозивната направа од која загина Татарски. Според извори од руското Министерство за внатрешни работи, цитирани од државните медиуми, на Татарски непосредно пред експлозијата му била подарена статуетка, а постои сомневање дека во неа била скриена бомба.

На апликацијата „Телеграм“ се појави снимка на која се гледа како лице му подава статуетка во кафуле, но се уште не е потврдено дали во неа навистина има експлозив.

Татарски зборуваше од првата линија во Украина, а минатата година „се прослави“ откако објави видео снимено во Кремљ, во кое вели: „Ќе ги победиме сите, ќе ги убиеме сите, ќе ограбиме секој што ни треба и се што ни се допаѓа“.

Кафулето во кое беше убиен Татарски претходно беше во сопственост на основачот на злогласната руска платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин. Рускиот блогер на апликацијата Телеграм го следеа повеќе од половина милион луѓе. Иако ја поддржуваше руската инвазија на Украина, тој критикуваше некои аспекти од руската војна.

Сајбер Фронт З, група која себеси се нарекува „Руска информативна армија“ на Телеграм, објави дека ангажирала кафуле во Санкт Петербург за вчерашниот настан. „Имаше терористички напад. Презедовме одредени безбедносни мерки, но за жал тие не беа доволни“, објавија тие по експлозијата.

Татарски им се приклучи на руските сепаратистички сили уште во 2014 година, кога зазедоа делови од регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Роден е во Макијивка, Донецк. Според неговите зборови, тој им се придружил на бунтовниците во Донецк откако излегол од затвор каде одлежувал казна за вооружен грабеж на банка.

Донецк е еден од четирите украински региони чија анексија ја најави рускиот претседател Путин минатата година. Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина на крајот на февруари минатата година, Татарски се врати во битката и ја коментираше војната на социјалните мрежи и во руските државни медиуми.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по вчерашната експлозија на Твитер објави дека во Русија „пајаците се проголтуваат едни со други во чинија“, што укажува на тоа дека внатрешно политичките конфликти во Русија се претвораат во „домашен тероризам“.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го пофали Татарски и блогерите како него на Твитер, опишувајќи ги како „бранители на вистината“.

„Руските новинари постојано живеат под закана од одмазда од Киев. Татарски беше опасен за Украина, но храбро се бореше до крај, исполнувајќи ја својата должност“, објави Захарова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски