ВИДЕО: „Не сакам војна со Русија“, им кажал полскиот претседател на комичари кои лажно му се претставиле како Макрон

Од:

Руски комичари кои се преправале дека се францускиот претседател Емануел Макрон успеале телефонски да стигнат до претседателот на Полска ноќта кога проектил паднал врз полско село во близина на границата со Украинa.

Комичарите со прекарите Вован и Лексус објавија седум и пол минутен телефонски разговор на интернет. На снимката се слуша како еден од нив се обидува да зборува со француски акцент со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Од кабинетот на полскиот претседател потврдија дека се случил инцидентот. Ова е втор пат во последните неколку години руските комичари да успеат да стигнат до Дуда.

Она што е особено загрижувачко е што инцидентот се случи во ноќта кога целиот свет стравуваше дека руската војна во Украина може да се прелее преку границите на земјата.

„Емануел, верувај ми, јас сум многу внимателен“, вели Дуда на снимката и додава: „Не сакам да војувам со Русија и верувајте, исклучително сум внимателен“.

Кабинетот на Дуда објави на Твитер: „По ракетната експлозија во Пржевуд, за време на разговор со шефови на држави и влади, со претседателот беше поврзано лице кое тврдеше дека е францускиот претседател Емануел Макрон. За време на разговорот, претседателот Анджеј Дуда од необичен начин неговиот соговорник го водел разговорот, сфатил дека може да се работи за обид за измама и го прекинал повикот“.

Полските власти започнаа истрага за да утврдат како руските комичари можеле да разговараат со претседателот.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји