(ВИДЕО) Руски градоначалник стапи на должност со звуците на песната од „Војна на ѕвездите“

Од:

Новиот градоначалник на градот Белгород во западна Русија, Јуриј Галдун стапи на должност со звуците на музичката тема од филмот „Војна на ѕвездите“.

Директорката за култура во градската управа Људмила Грекова изјави дека „одлуката била да се одбере посовремена музика, но не провериле од каде е”. Таа си даде и оставка поради таа грешка.

-Немав лоша намера. Самата настојувам да нема странски содржини и ова е резултатот, изјави таа.

Поради музиката, интернет-сеирџиите веќе го споредуваат Галдун со Дарт Вејдер, главниот негативец од легендарниот серијал филмови.

Би можело да ве интересира

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17

Русија: Оружје на НАТО е користено во нападот на Киев на Белгород

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Едно лице загина во украинското гранатирање на Белгород

Гранатиран е Белгород, најмалку седум лица загинаа, 19 се повредени

ВИДЕО: Проукраинските Руси повторно го напднаа Белгород