ВИДЕО: Руската армија изведе хеликоптерски десант врз поранешната американска база во Сирија

Од:

Руската армија изведе хеликоптерски напад врз поранешната американска воздушна база Сирин, која се наоѓа во близина на населениот контролен пункт „Метрас“ во Сирија.

Во акцијата беа пронајдени големи количини на опрема и предмети, кои Американците не успеале да ги понесат со себе, пренесува „Марс.онлајн“, повикувајќи се на „Росијаја газет“.

На видеото е прикажана војска на руската армија со борбени хеликоптери Ми-8АМТ и Ми-35М, која брзо ги запоседна сите инфраструктурни објекти внатре во поранешната американска воена база.

Акцијата ја изведе групата летала Ми-8АМТШ вкои оздушно ги покриваа ударните хеликоптери Ми-35М.
На објавените снимки се прикажани оставени предмети, делови од домаќинство, делови од мебел, намирници, лекови, лични предмети, сегменти на оружје.

Во собите каде што престојувала американската војска, имааргиле, забавни игри, голем број ЦД-а со филмови и компјутерски игри. Американците не успеале да ја евакуираат салата за вежбање, која се наоѓа во импровизирана просторија, наведуваат руските медиуми.

На 13 ноември, единиците на американската армија ја напуштија Сириската база, која имаше функција за снабдување во регионот. Целиот објект, со сите негови придружни елементи, е под целосна контрола на единиците на руската армија. Аеродромот беше заземен од единици на сириската армија.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија