Руската армија објави дека пронашла тела на 152 украински борци во подземни бункери во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која ја зазема на почетокот на овој месец по долга опсада.
„Телата на 152 мртви борци и војници на украинските вооружени сили беа ставени во контејнер за фрижидер кој повеќе не функционираше“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков во Москва.
Тој додаде дека руските власти се уште не добиле барање од украинските лидери да им ги вратат мртвите.
Конашенков рече дека има мини под телата и додаде дека Украинците најверојатно имале намера да го кренат во воздух контејнерот за да ја обвинат Русија за загинатите борци.