ВИДЕО: Русите уништиле „Леопард“ со германски екипаж

Од:

Извидници на вооружените сили на Русија го уништиле тенкот „Леопард“ кој пристигна во Украина со германски екипаж, пишува „Спутник“.

„Кога запревме уште еден самоубиствен напад во серија и го уништивме леопардот, се упативме кон запалената опрема со надеж дека ќе фатиме некого. Утврдивме дека возачот на тенкот е тешко ранет, а другите се мртви. Механичарот, кога тој се разбуди и не виде, почна да вика не пукај“, изјави за „Спутник“ командантот на извидничката група која дејствува во правец на Запорожје, со кодно име „Легенда“.

„Возачот на оштетениот тенк неколку пати рече дека не е платеник, туку војник на Бундесверот и дека целата екипа е од една чета“, додаде војникот.

Извидникот објаснил дека германскиот војник додека му пружал прва помош, му кажал од која бригада е и каде е таа.

Како што додаде командантот, кога ги испрашувал војниците на Бундесверот, лекарот на нивната извидничка група рекол дека механичарот изгубил многу крв и е тешко ранет, пренесува „Спутник“.

“Го прашав докторот колку ќе живее, а докторот ми одговори – уште неколку минути. Му реков на Германецот дека раната е многу сериозна и дека нема шанси да преживее. Тој рече дека го сака своето дете и сопругата многу и се каеше што се согласи да дојде овде. Почнавме да го подготвуваме за евакуација, но тој се онесвести и почина по неколку минути“, вели „Легенда“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад со беспилотни летала, Русија ги затвори аеродромите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украина: Имаме дронови со домет од 2.000 километри и носат бомби од 250 килограми.

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесто Руски напад на Одеса, аларм во Полска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски