(ВИДЕО) Русите погодија пекарница во Суми: Тоа се тие христијански вредности

Од:

Едно лице загина во утринава напад со руски дрон врз пекара во украинскиот град Суми, соопштија украинските власти. Во моментот на нападот, пекарата подготвувала традиционални велигденски колачи.

Жртвата бил локален бизнисмен кој дошол во пекарницата да земе нарачка кога дронот удрил во објектот околу 5 часот по локално време, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Украинските служби за итни случаи објавија снимки од местото на нападот. На нив се прикажани послужавници со велигденски колачи покриени со сива прашина, скршени прозорци и оштетена внатрешност. Снимката ја потврдија и новинарите на Ројтерс.

Сибиха го коментираше нападот на платформата X, велејќи: „Толку од „традиционалните христијански вредности“ на кои се повикува Русија.

Нападот доаѓа само неколку дена по најтешкиот ракетен напад на Русија врз Украина оваа година. Во неделата две балистички проектили го погодија центарот на Суми, при што според украинските власти загинаа 35 лица.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија со дронови го нападна југот на Украина

Медведев: Оваа година 280.000 луѓе се пријавија за руската армија

Вагнер се повлекува од Бахмут на 10 мај

Катерина Ѓуровски

Британија: Кремљ веројатно подготвува широка мобилизација

Русија призна дека извршила повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Катерина Ѓуровски