Руските сили натоварија нова интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“ во силос во базата Козелск во регионот Калуга, југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.
🇷🇺🇺🇦 В Бологовском ракетном соединении РВСН встал на боевое дежурство новый ракетный полк с «Ярсами». Весь личный состав уже прошел переподготовку. Подвижный грунтовый ракетный комплекс «Ярс» приходит на смену мобильному ракетному комплексу «Тополь». Это – следующее поколение pic.twitter.com/DsiL7QIOnp
— Tibo91 (@Tibortibor15) December 15, 2023
Ракетата РС-24 (Јарс) долга 23 метри е дизајнирана да лансира повеќе нуклеарни боеви глави на различни цели. „Во комплексот Козелск, стратешките ракетни сили натоварија интерконтинентална балистичка ракета Јарс во фрлач“, соопшти Министерството за одбрана.
Русија го има најголемиот арсенал на нуклеарно оружје во светот, а веднаш зад неа се САД. Русија и САД заедно контролираат повеќе од 90% од светското нуклеарно оружје.
Русија има околу 5.889 нуклеарни боеви глави, додека САД имаат околу 5.244, според Федерацијата на американските научници.