(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Од:

Руските сили фрлија воздушна бомба од 500 килограми врз градот Добропил во регионот Донецк, при што загинаа најмалку две лица, а 28 беа повредени, соопштија регионалните власти.

Според Вадим Филашкин, началник на Регионалната воена администрација на Донецк, нападот бил насочен кон трговски центар во срцето на градот. Експлозијата оштетила 54 продавници, 304 станови и осум возила. Нападот предизвикал голем пожар, чие гаснење веднаш биле испратени служби за итни случаи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот, нарекувајќи го „страшен, глупав чин на руски терор“ без никаква воена логика. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Нападот доаѓа само два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп даде „голема“ изјава, ветувајќи строги царини против Русија во рок од 50 дена доколку не се постигне мировен договор.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Русија ѝ се закани на Австрија