Руските сили со крстосувачки ракети нападнаа голем магацин со американско и европско оружје во западниот украински регион Тернопил, објави Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Руските сили собориле и три украински борбени авиони СУ-25 во близина на Донецк и Харков во источна Украина, според истиот извор.
Гувернерот на Тернопилската област Володимир Труш претходно објави дека ракетниот напад врз западниот украински град Чорткив делумно ја оштетил воената инфраструктура, а биле повредени 22 лица. Тој додаде дека таму нема складирано оружје.
Air-raid sirens and thick smoke after RUS strike on Chortkiv, Ternopil region. Almost apocalyptical… pic.twitter.com/69EgaJ7VGN
— D.Emery (@DemeryUK) June 11, 2022
„Сите ракети беа од Црното Море. Делумно се оштетени воената инфраструктура и цивилните згради. Нема жртви, но имаме ранети – 22 лица се хоспитализирани“, рече Труш, додавајќи дека меѓу повредените е и 12-годишното дете. Засега нема независна потврда на овие информации.