(ВИДЕО) Русија: Со АТАКМС ја нападна нашата воздухопловна база, има штета и ранети, ќе возвратиме

Од:

Русија ќе возврати на украинскиот ракетен напад со ATACMS на воениот аеродром Таганрог, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.


Ноќта меѓу вторникот кон средата, Киев изврши напад со шест балистички ракети со долг дострел ATACMS од американско производство на воениот аеродром во Таганрог во јужна Русија.

Русија додаде дека два проектила биле соборени од системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, додека другите биле оневозможени од системи за електронско војување.

„Овој напад од западно оружје со долг дострел нема да остане без одговор и ќе бидат преземени соодветни мерки“, се вели во соопштението на Министерството.

Се посочува дека фрагменти од проектил предизвикале повреди кај воениот персонал.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели