ВИДЕО: Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети, погодена и термоелектрана на Крим

Од:

Киев во текот на ноќта повторно беше цел на руски балистички ракетен напад, при што се повредени најмалку две лица, а на повеќе локации избувнаа пожари.

Началникот на киевската воена администрација Тимур Ткаченко соопшти дека нападот предизвикал пожари во Дарницкиот округ, во југоисточниот дел на украинската престолнина.

„Пожари се регистрирани на неколку адреси. Запалена е бензинска пумпа, гори и објект во близина на станбена зграда, како и една нестамбена зграда“, изјави Ткаченко.

По нападот, во Киев беше прогласена воздушна тревога, а украинските воздухопловни сили предупредија на опасност од нови балистички ракети кои доаѓаат од северниот правец.

Во меѓувреме, пожар избувнал и во термоелектраната „Саки“ на анектираниот Крим, по ноќните напади извршени меѓу 27 и 28 јуни. Според информациите објавени на Телеграм канали, огнот зафатил резервоари за складирање гориво во рамките на електраната.

Очевидци наведуваат дека во текот на околу еден час биле регистрирани најмалку 16 експлозии, по што над електраната се издигнал густ чад.

Претходно украинските сили извршија напад врз нафтената станица „Второво“, која е дел од инфраструктурата за снабдување со гориво на Москва.

Борбите меѓу Русија и Украина продолжуваат долж повеќе линии на фронтот, додека двете страни секојдневно разменуваат напади врз воени и енергетски објекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ