Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека телевизиската изјава на двајцата Руси, кои наликуваат на мажите обвинети од Лондон за труењето во Солсбери, е измама.
„Време е да се стави крај на лажните телевизиски изјави – светот е свесен дека Русија стои зад тоа”, напиша Хант на Твитер.
Двајцата Руси, на руската државна телевизија, изјавија дека отишле во Лондон како туристи и го посетиле британскиот град Солсбери за да ја разгледаат катедралата.
Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија беа отруени со нервен агенс во Солсбери во март, по што минаа подолг период во болница.