ВИДЕО: Русија нуди две решенија за мир, Украина обвинува дека „фингира преговори“

Од:

Русија го одложува мировниот дијалог со Украина и создава привид на дипломатија, изјави шефот на украинската делегација на преговорите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, а пренесува The Moscow Times.

Според него, Москва го доставила меморандумот за условите за решавање на конфликтот само за време на состанокот во Истанбул, кој се одржа вчера. Како резултат на тоа, состанокот, кој се подготвуваше повеќе од две недели, „не ги даде потребните резултати за завршување на војната“.

„Се чини дека Русите повторно блокираат, обидувајќи се да создадат „имиџ на дипломатија“ за САД без вистински потези“, рече Умеров.

Единственото достигнување од втората рунда преговори, според шефот на украинската делегација, е договорот за размена на сите тешко болни и тешко ранети воени затвореници и оние помлади од 25 години, како и враќањето на телата на загинатите во формат „6000 за 6000“.

„Доставен е и целосно проверен список на киднапирани украински деца. Враќањето на барем некои од овие деца би било хуманитарен чин доколку Русија навистина сака да се придвижи кон мир“, нагласи Умеров. Тој додаде дека Киев е подготвен да одржи средба на ниво на лидерите на Украина и Русија до крајот на јуни, но ако за руската страна преговорите се обид за одложување, тогаш „треба да има само еден одговор: заострување на меѓународните санкции“.

Првите директни преговори меѓу Москва и Киев од пролетта 2022 година беа одржани на 16 мај во Истанбул, а резултатот беше најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, според формулата „1000 за 1000“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави резултатот и изрази надеж за понатамошен напредок. За време на втората рунда преговори, Русија предложи да се прогласи прекин на огнот на одредени делови од линијата на фронтот со цел да се соберат телата на загинатите. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли ова.

Тој посочи дека примирјето е неопходно за да се запре убивањето и дека Украина не го променила ставот по ова прашање – Киев инсистира на безусловно примирје од најмалку 30 дена. Според Зеленски, на Русија и треба примирје за „краток прекин на војната“.

Во меморандумот што Русија и го предаде на Украина беа предложени две сценарија за завршување на војната.

Првиот вклучува постепено повлекување на украинските вооружени сили од четири региони делумно окупирани од руските трупи на „договорено“ растојание од границите на Руската Федерација.

Второто сценарио не содржи директно барање за предавање на територијата, туку вклучува 12 услови, меѓу кои се прекин на мобилизацијата во Украина, како и меѓународна испорака на оружје, гаранција за прекин на „саботажата“ на територијата на Русија итн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прашајте си ги разузнавачите што планира Путин во Белорусија, Зеленски ја предупреди Европа

Руската амбасада во Лондон: Немаме намера да ја напаѓаме Велика Британија

ВИДЕО: Украинците го минираа мостот на Крим со 1100 килограми експлозив

Клучните области под контрола на Русија без струја поради украинските напади

Катерина Ѓуровски

Американците подготвија нови мерки за Русија, ги нарекуваа „санкции за кршење коски“

ВИДЕО: Почна втората рунда преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул

Катерина Ѓуровски