ВИДЕО: Русија нападна украински воен камп, има мртви и ранети

Од:

Во руски ракетен напад на воена вежба во украинскиот пограничен регион Суми загинаа шест војници, а повеќе од десет беа ранети, соопшти Украинската национална гарда. Руското Министерство за одбрана претходно објави снимка за која рече дека покажува ракетен напад Искандер врз воен камп, додека државната новинска агенција ТАСС објави дека загинале до 70 луѓе.

Регионот Суми постојано беше гранатиран, а Украина од таа област започна повеќемесечна окупација на дел од соседната руска област Курск. Украинската војска соопшти дека целта на офанзивата е да се создаде безбедносен појас за заштита на регионот Суми.

Смртоносниот руски напад врз украинските војници во регионот Суми беше потврден од Националната гарда на Украина, велејќи дека нападот се случил додека единицата изведувала вежби на воено стрелиште. Командантот е суспендиран и започната е официјална истрага, додаваат оттаму.

Непроверената руска воена снимка покажува десетици војници како одат по патека во близина на шумско подрачје, проследено со експлозија и голем облак чад. Анализата на тимот на BBC Verify покажа дека кампот за обука бил погоден на крајниот север од регионот Суми, јужно од руската граница.

Нападот е сериозен удар за украинската војска, а Националната гарда соопшти дека претходно развила „алгоритам на дејствување“ и издала наредби за дејствување во случај на воздушни напади и собирање на голем број луѓе на едно место.

Украинскиот Генералштаб оваа недела објави дека спречил руски обид да воспостави „безбедносна зона“ во регионот Суми и тврди дека операцијата Курск има „стратешко значење“ бидејќи ја принудила Русија да ги прераспореди своите „најподготвени трупи“ да одговорат на офанзивата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Договорена размена на заробеници, Украина инсистира на целосен прекин, Русија нуди привремен мир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украински авиони бегајќи од ракети, влегоа во воздушниот простор на НАТО

(ВИДЕО) Детали од Истанбул: Шефовите на руската и украинската делегација првпат разговараат без посредник

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинските преговарачи во Турција ќе инсистираат на потполно примирје

Катерина Ѓуровски

Кремљ порача да не се очекуваат чуда од преговрите со Украина