ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Од:

Руските сили утрово двапати го погодиле дата – центар Киев, при што во еден од нападите биле повредени три лица, меѓу кои и две деца. Во одвоен напад со дрон во киевската населба Соломјански загинал маж, а избувнале и пожари во два нестамбени објекти, пренесува „Украинска правда“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави дека Русија во текот на изминатата недела истрелала повеќе од 2.200 дронови, околу 1.650 воздушни бомби и 38 проектили од различен тип.

Според Зеленски, значителен дел од проектилите биле балистички.

Во текот на ноќта меѓу 26 и 27 септември биле нападнати станбени објекти, енергетски постројки и друга цивилна инфраструктура во регионите Одеса, Харков, Суми, Миколаев, Херсон, Полтава, Житомир и Киев.

Во нападите во Запорошката област загинале три лица.

Зеленски ги повика Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка и другите членки на Г20, како и земјите од Глобалниот југ, да го искористат своето влијание врз Русија за да помогнат во завршувањето на војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците првпат спасија војник од „зона на смртта“ со дрон

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците му нанесоа огромна штета на „рускиот Гугл“

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа