ВИДЕО: Русија го нападна Киев, погодена станбена населба

Од:

Украинската полиција соопшти дека 19-годишна девојка била ранета, а приватни домови и возила биле оштетени во напад на руски беспилотни летала во Киев синоќа.

– Во текот на ноќта Русија изврши уште еден напад со беспилотни летала врз регионот на Киев. 50 минути по полноќ ударните бранови од експлозиите искршиле прозорци на куќи во квартот Буча, а изгорела и двокатна приватна куќа. Итните служби работат на гаснење на пожарот, соопшти полицијата во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Овој медиум наведува дека непосредно пред воздушните напади врз регионот на Киев, руските сили лансирале повеќе групи беспилотни летала во различни правци.

Поради тоа во неколку украински региони е прогласена вонредна состојба.

„Киев пост“ пишува дека станбена зграда на периферијата на украинската престолнина која била погодена од руски дрон била полна со цивили и изгорела до темел.

На социјалните мрежи се појавија снимки од операциите на украинската воздушна одбрана (АДФ) за време на напад со руски дрон, на кои се гледаат редови црвени ленти на ноќното небо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија танкер во Ростов, има мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Путин најави пожестока војна: 2025 беше пресвртница

Америка подготвува казна за Путин ако го отфрли мировниот план, објави Блумберг

Јужноафриканците завршија на фронтот во Донбас: „Не разбравме што пишуваше во договорот“

ВИДЕО: Украина повторно нападна рафинерија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Лавров: САД ѝ ветија на Русија дека ќе и припадне украинска територија