(ВИДЕО) Ирански ракети и дронови паднаа во Азербејџан, Баку распоредува војници долж иранската граница

Од:

Ројтерс објави дека имало извештаи за ракети и дронови што летале од Иран и паднале во близина на аеродром во азербејџанската енклава Нахчиван.

Британската агенција се повикува на извор близок до азербејџанската влада.

Се наведува дека аеродромот во Нахчиван се наоѓа на околу десет километри од границата со Иран.

Азербејџан распоредува воздушна одбрана и ги собира воените сили во близина на иранската граница, објавија локалните медиуми.

Азербејџан го зголеми своето воено присуство на границата со Иран и стави дел од својата армија во состојба на висока готовност.

Единиците се преместени во пограничните области, а воените одмори се откажани.

Во услови на нестабилност на Блискиот Исток, Баку се подготвува за најлошите сценарија со распоредување системи против беспилотни летала и зајакнување на своите јужни граници.

Според локалните медиуми, азербејџанската команда издаде итна наредба за зајакнување на одбраната во јужниот правец, бидејќи ситуацијата по должината на границата долга повеќе од 700 километри станува сè потензична.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Хегсет му порача на Израел: Продолжете до крај, ние сме со вас

После иранскиот напад, гори американски танкер во Персискиот Залив

(ВИДЕО) „Фокс њуз“: Ирачките курдски борци започнаа копнена офанзива против Иран

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Ливит: САД не стојат зад нападот врз училиште во Иран, ние не ги таргетираме цивилите