Хегсет му порача на Израел: Продолжете до крај, ние сме со вас

Од:

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет му порача на својот израелски колега Израел Кац да продолжи до крај, дека САД се со нив, објави израелското Министерство за одбрана.

Хегсет и Кац разговараа телефонски, а израелскиот министер изрази сочувство за смртта на американските војници во конфликтот со Иран. Кац, исто така, им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и Хегсет за, како што рече, нивната голема поддршка за Израел.

– Соработката меѓу претседателот Трамп и премиерот Бенјамин Нетанјаху против Иран ја менува регионалната и глобалната историја, се вели во соопштението од канцеларијата на Кац, објави „Тајмс оф Израел“.

Хегсет, според претходните изјави на израелското Министерство за одбрана, исто така ја пофали беспреседанната соработка меѓу војските на двете земји и можностите на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Хегсет: Обидот да ме отстранат е манифестација на суета и огорченост

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи