ВИДЕО: Родителите молат да се откаже егзекуцијата на нивниот син кој учествувал на протестите во Иран

Од:

Во видеото објавено денеска, родителите на еден млад Иранец кој се соочува со егзекуција поради неговата вмешаност во тримесечно протестно движење ги молат иранските правни власти да го поштедат нивниот син.

Мехди Мохамад Карами би можел да биде третиот Иранец погубен во врска со демонстрациите предизвикани од смртта на Махса Амини на 16 септември, која беше приведен од моралната полиција поради неправилно носење хиџаб.

Според Амнести интернешенел, тој е меѓу петте лица осудени на смрт за напад во кој беше убиен припадник на паравојската за време на погребна церемонија на демонстрантка во Карај, во близина на Техеран.

„Со почит барам од судските власти и ве молам да ја укинете смртната казна во случајот со мојот син“, рече таткото на Мехди Мохамад, Машала Карами, во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој го опиша својот син како шампион во карате, репрезентативец кој победи на натпреварите во Иран. Мајката на момчето кое има околу 20 години исто така моли да биде поштеден нејзиниот син.

Мехди Мохамад Карами беше осуден на помалку од една недела по почетокот на забрзаното и нефер судење кое во никој случај не наликува на валидна судска постапка, соопшти Амнести интернешенел.

Машалах Карами за локалните медиуми изјави дека адвокатот на семејството не можел да пристапи до досието на неговиот син и дека адвокатот назначен од судот не одговорил на бројните повици.

Иран објави 11 смртни казни за вмешаност во „немири“, за кои вели дека биле поттикнати од „странски непријатели“, особено САД и Израел.

Пресудите дојдоа по судирите со безбедносните сили. Според Амнести, покрај 11-те лица кои се веќе осудени, уште 15 се обвинети за кривични дела кои предвидуваат смртна казна.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он