(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

Од:

Чилеанските власти објавија дека заплениле повеќе од 100 тони дрога скриена во пратки дрва наменети за Европа, оценувајќи ја оваа акција како рекорден успех во борбата против организираниот криминал во таа јужноамериканска земја!

„Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царинската служба, запленети се 1.080 тони дрво контаминирано со различни видови дрога, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја“, се вели во соопштението на чилеанската царинска управа.

Дрогата пронајдена во дрвата главно се состоела од кокаин и кетамин, а проценетата малопродажна вредност на европскиот пазар е околу 8,3 милијарди американски долари, се додава во соопштението.

По шестмесечна истрага, властите идентификуваа 45 контејнери што пристигнале од Боливија со контаминирана дрва, објави Ал Арабија.

Доколку пратката стигнела до своите крајни дестинации, дрогата ќе морала да се извлече од дрвото со помош на „напредни хемиски процеси“ во специјализирани лаборатории, изјавија царинските службеници.

Вкупната количина на запленета дрога во Чиле би можела дополнително да се зголеми бидејќи властите продолжуваат да испитуваат дополнителни контејнери кои се сметаат за сомнителни.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога