(ВИДЕО) Ракетен напад на Израел од Газа: Експлозии во околината на Тел Авив и на Ерусалим

Од:

Во напад во кој беа истрелани десетици ракети од Појасот Газа кон Израел, една жена загина, соопшти израелската служба за итни случаи. Утрово сирените се огласија низ јужен Израел и во поширокото подрачје на Тел Авив, пишува Би-Би-Си.

Итната помош наведува дека се повредени уште две лица, а едно лице е во критична состојба. Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас. Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф денеска ја најави операцијата „Бура Ал Акса“ и изјави дека палестинската милитантна група гаѓала непријателски позиции, аеродроми и воени позиции со 5.000 ракети.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавија дека треба да се сретнат шефовите на безбедносните служби поради ракетните напади. Во првиот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ) се наведува дека голем број терористи се инфилтрирале на израелска територија во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен