Доналд Трамп вети дека ќе направи бум со неговото враќање на позицијата претседател на САД, најавувајќи серија извршни наредби што ќе бидат потпишани неколку часа по неговата инаугурација како 47-ми претседател. Тој најави преглед на некои од овие директиви што допрва треба да се потпишат, истакнувајќи дека тие ќе се фокусираат на прашања како што се илегалната имиграција, климатските правила, политиките за различности, доверливите документи и други клучни теми.
Вообичаено е претседателите да издаваат низа извршни наредби по преземањето на функцијата, кои имаат сила на закон, но може да бидат поништени од следните претседатели или судови. Сепак, обемот на плановите на Трамп може да биде без преседан, со очекувани правни предизвици. Ова се клучните промени кои Трамп ги најави.
President Trump’s Celebratory Victory Rally https://t.co/MCKNpDh8kG
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 19, 2025
ИМИГРАЦИЈА И ГРАНИЦА
Депортации
Трамп вети дека ќе ја „покрене најголемата програма за депортација во историјата на САД“ на неговиот прв ден на функцијата. Според Фокс њуз, тој има намера да прогласи национална вонредна состојба на границата и да и нареди на војската да ја обезбеди јужната граница. Тој, исто така, најави укинување на политиката што им забранува на федералните имиграциски власти да вршат рации во цркви и училишта. Но, програмата за масовна депортација би можела да се соочи со логистички предизвици, огромни трошоци и низа тужби.
Политика „Останете во Мексико“.
Тој планира повторно да ја воведе својата политика „Останете во Мексико“, според која барателите на азил беа враќани во Мексико додека чекаа сослушувања во САД. За време на неговиот прв мандат, оваа политика опфати околу 70.000 баратели на азил.
Укинување на правото на државјанство по раѓање
Тој го нарече „апсурдно“ правото што им дава државјанство на сите родени на територијата на САД и вети дека ќе го укине уште на првиот ден. Но, бидејќи ова право е загарантирано со Уставот на САД, неговото укинување би барало многу повеќе од извршна наредба.
Затворање на границите од здравствени причини
Трамп би можел повторно да го активира законот познат како Наслов 42, кој дозволува ограничување на миграцијата за заштита на јавното здравје. Според пишувањата на медиумите, новата администрација размислува за болест која би го оправдала затворањето на границата со Мексико.
Donald Trump says in the coming days he will "make public" remaining records around the assassination of former President John F Kennedy and Dr Martin Luther King Jr and "other topics of great public interest".https://t.co/h5m2BiRJnG
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/oKuJqrWGHB
— Sky News (@SkyNews) January 19, 2025
КЛИМАТСКА ПОЛИТИКА
Укинување на климатските политики на Џо Бајден
Тој има намера да ги укине клучните одредби на администрацијата на Бајден кои поттикнуваат зелени технологии, го регулираат загадувањето и финансираат инфраструктура. Тој најави укинување на забраната за дупчење нафта на федералните земји, зголемување на домашното производство на енергија, забрана за нови проекти на ветерни електрани и укинување на обврските за електричните возила.
Повторно повлекување од Парискиот договор за климата
Како што направи во 2017 година, тој планира да ги повлече САД од Парискиот договор за климата, кој Бајден го реактивираше во 2021 година.
СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА И РОДОВА ПОЛИТИКА
Политики за различност, еднаквост и вклучување (DEI).
Планира да го забрани финансирањето на федералните институции и училиштата кои спроведуваат програми за различност, еднаквост и вклучување (DEI). Тој, исто така, би можел да воведе забрана за финансирање училишта кои подучуваат „критичка теорија на раса“.
Трансродовите жени во спортот
Трамп најави дека ќе им забрани на трансродовите жени да учествуваат во женски спорт, што го нарече „трансродово лудило“.
НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Војна во Украина
За време на кампањата, тој тврдеше дека би можел да стави крај на конфликтот во Украина уште на првиот ден од неговата функција, но подоцна рече дека тоа би можело да потрае и до шест месеци.
Куба и Венецуела
Трамп планира да ја смени одлуката на администрацијата на Бајден да ја отстрани Куба од листата на држави спонзори на тероризмот и повторно да воведе санкции кон Венецуела.
ДРУГИ ТЕМИ
Капитол 6 јануари
Тој најави можност за помилување на повеќето лица осудени за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Доверливи документи
Најави дека планира да објави доверливи документи поврзани со атентатите на Џон Кендеи.
Со оглед на големината и обемот на најавените промени, се очекува извршните наредби на Трамп да предизвикаат бројни контроверзии, правни спорови и реакции на домашен и меѓународен план.
Трамп денеска ќе ја положи претседателската заклетва во ротондата на зградата на Капитол, откако студеното време ги принуди организаторите да ја преместат церемонијата во затворен простор. Ден пред инаугурацијата, многу улици околу американскиот Капитол и Белата куќа се блокирани со челични огради, а околу 25.000 полицајци имаат задача да ја одржуваат безбедноста.