(ВИДЕО) Путин направи грешка, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за малку ќе предизвикаше несреќа додека ја тестираше „лада аура“ на отворањето на новата делница од автопатот М-11 во регионот Твер.

Тој додека го управувал автомобилот направил грешка при возење. На видеото се гледа како Владимир Путин (71) облечен во бела кошула без панцир вози нов модел на автомобил. Камерата го снимила рускиот претседател како вози црна „лада аура“ на автопатот М-11 што ги поврзува Москва и Санкт Петербург – два од најголемите градови во Русија – свртел десно за да заобиколи бел шатор на патот, но не дал десен трепкач поради што автомобилот со неговото обезбедување, кој се движел зад него, за малку ќе удрил во задниот дел од лимузината на претседателот.

Би можело да ве интересира

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Путин: Некои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, заборавајќи како таа заврши

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски