ВИДЕО: Пукната канализациска цевка предизвика мало цунами во кварт во Рио де Жанеиро

Од:

Голема пукнатина на канализациска цевка во квартот Кампо Гранде во Рио де Жанеиро предизвика вистинско мини цунами, што зафати картонски куќи и повреди неколку лица, јавуваат локалните медиуми.


Телевизијата „Глобо њуз“ објави видео запис на кој се гледа како водата отскокнува од пукнатината на цевката и носи се пред себе, како автомобили, отпадоци и полесни градби.


Локалната компанија за водоснабдување и канализација „Седрела“ ја потврди информацијата за оштетената цевка. Водата предизвика и прекин на електричната енергија во квартот.


Според „Глобо њуз“ пожарникарските екипи ги евакуирале локалните жители со гумени чамци. Неколку амбулантни возила биле испратени да ги преземат повредените.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски