(ВИДЕО) Пукање во Шведска: Ранети тројца тинејџери

Од:

Најмалку три лица се ранети во престрелката во шведскиот град Седертелје.

Полицијата и итната помош веднаш излегоа на местото на пукањето, а нема информации дали напаѓачот е уапсен.

Се случи голема полициска акција поради пукањето во шведскиот град Седертелје, јужно од Стокхолм, јави шведскиот јавен сервис СВТ.

Повредени се три лица и станува збор за тинејџери, а СВТ дознава дека се родени 2006 и 2007 година. Еден од нив е тешко повреден, а сите се пренесени во болница.

Полицијата е на терен, врши увид и разговара со очевидци.

Граѓаните околу 19 часот синоќа повикале полиција мислејќи дека во близина слушнале петарди или огномет. Засега не се знае дали некој е уапсен, а полицијата се уште истражува.

Покрената е прелиминарна истрага за убиство во обид и тешко кривично дело поседување на оружје.

Бран насилство ја зафати Шведска пред една година, а се претпоставува дека се работи за справување на криминални банди.

Би можело да ве интересира

Шест безживотни тела на виетнамски државјани се пронајдени во хотел во Бангкок

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукано е во Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија

A1on

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети