(ВИДЕО) Пукање во џамија во Сан Диего: Петмина лица се мртви

Од:

Двајца тинејџери отворија оган во Исламскиот центар во Сан Диего во Калифорнијa, убивајќи тројца мажи пред џамијата, од кои едниот бил обезбедувач, пред двајцата осомничени да бидат пронајдени мртви од очигледни самонанесени рани од огнено оружје, соопшти полицијата.

– Сите деца што одат во училиштето кое е дел од Исламскиот центар – најголемата џамија во регионот во близина на мексиканската граница – се пронајдени безбедни по пукањето, изјави началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал.

Вал рече дека ФБИ е повикано да помогне во истрагата на инцидентот, за кој рече дека властите го третираат како злосторство од омраза. Нападот се случил една недела пред големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Сведок изјави за Си-Би-Ес дека слушнал до 30 истрели испукани од она што мислел дека се „полуавтоматски оружја“.

Тој рече дека прво слушнал околу десетина истрели, потоа пауза, а потоа уште десетина.

„Добро е што ова не се случило во петок, бидејќи улиците би биле полни со луѓе“, додаде тој.

Имамот Таха Хасане, директор на Исламскиот центар во Сан Диего, на прес-конференција изјави:

„Ова е место за молитва, а не бојно поле. Нападот се случи во пресрет на Курбан Бајрам, еден од најважните муслимански празници. Никогаш порано не сме виделе ваква трагедија“, изјави Таха Хасане, имам и директор на Исламскиот центар, за новинарите.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека е „згрозен од денешниот насилен напад“ во центарот „каде што семејствата и децата се собираат, а соседите се молат во мир и единство“.

Тој додаде дека Калифорнија „нема да толерира акти на тероризам или заплашување на религиозните заедници“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече нападот „ужасна ситуација“.

„Добивме првични информации, но ќе ги сфатиме многу сериозно“, рече тој.

ФБИ ги повика граѓаните да се јават со какви било информации што би можеле да помогнат во истрагата.

Десетици полицајци повикани на местото на настанот ги пронајдоа телата на тројца мажи поврзани со џамијата, застрелани пред зградата, вклучувајќи и еден обезбедувач за кој велат дека можеби помогнал да се спречи понатамошно крвопролевање.

Кратко потоа, полицијата ги откри телата на двајца тинејџери, на возраст од 17 и 19 години.

– Тие починаа од самонанесени рани од огнено оружје, рече Вал на прес-конференција.

Во времето на нападот, децата биле на час во училиштето „Ал Рашид“, кое е дел од Исламскиот центар. Снимките од воздух ги покажаа децата како се држат за раце додека полицијата ги придружуваше од паркингот. Блиските училишта исто така беа привремено затворени од безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Батон Руж: 10 лица се повредени, напаѓачите избегаа

(ВИДЕО) Пукање пред синагогата „Темпл Израел“ во Мичиген

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање на американски универзитет, неколку лица се повредени, напаѓачот е мртов

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање на хокеарски натпревар во САД, има мртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Две лица загинаа во пукање на државен универзитет во Јужна Каролина

Има жртви во оружена престрелка во Лос Анџелес