Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана

Од:

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во трагичен инцидент во американскиот град Билингс, во сојузната држава Монтана, каде што по пукотница избувна и пожар во семејна куќа.

Како што соопшти полицијата, службите биле повикани по пријава за активен стрелец нешто по 18 часот. Кога пристигнале на местото, полицајците слушнале истрели, а куќата веќе била целосно зафатена од пламен, пренесува ABC.

Поради големата штета предизвикана од пожарот, извлекувањето и идентификацијата на останките на жртвите продолжува.

Осомничениот за нападот, според полицијата, исто така е мртов. Полицајците пронашле маж во дворот на куќата со самонанесена прострелна рана. Тој бил итно пренесен во болница, но подоцна им подлегнал на повредите.

Шерифот на округот Јелоустоун, Кент О’Донел, изјави дека првичните информации укажуваат оти трагедијата започнала како семејна расправија. Од полицијата нагласуваат дека не се трага по други осомничени и дека во моментов нема дополнителна опасност за жителите на Билингс.

Би можело да ве интересира

Вооружен напад во Северна Каролина, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Пукање на фестивал во Сиетл: Тројца се мртви, најмалку четворица се ранети

Петмина убиени во пукотница на прославата на Денот на независноста на САД

(ВИДЕО) Пукање во џамија во Сан Диего: Пет лица се мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Батон Руж: 10 лица се повредени, напаѓачите избегаа

(ВИДЕО) Пукање пред синагогата „Темпл Израел“ во Мичиген

Горан Наумовски