(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, три лица се ранети

Од:

Три лица, меѓу кои и двајца припадници на службата за обезбедување, се ранети денес при пукање во станбен комплекс во Њујорк, додека осомничениот сè уште се наоѓа внатре во комплексот, соопшти полицијата.Според првичните проценки, повредите не се опасни по живот, пренесе АП.

Од полицијата наведоа дека по инцидентот, осомничениот се забарикадирал во големиот станбен комплекс „Ко-оп сити“ (Co-op City), во њујоршката општина Бронкс.

Надлежните органи апелираа до граѓаните да ја избегнуваат таа област.

Полициската управа на Њујорк потврди дека биле застрелани двајца припадници на Одделот за јавна безбедност на „Ко-оп сити“ – приватна служба за обезбедување на комплексот.

Комплексот опфаќа повеќе од 15.300 станбени единици, вклучувајќи станбени згради и куќи во низа, а во него живеат приближно 50.000 жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелка во близина на Денвер

Едно лице загина, осум се повредени во масовно пукање во Алабама

(ВИДЕО) Пукање во близина на универзитет во Флорида, 12 се повредени, меѓу нив и шест деца

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана