(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Од:

Едно лице загина, а најмалку деветмина се повредени во масовно пукање на jужниот дел на Чикаго, објави NBC News. Според полицијата, полицајците се обидувале да растераат голема група луѓе на блокот Саут Котиџ Гроув Авенју кога се случило пукањето. Полицијата вели дека најмалку 10 лица биле застрелани во инцидентот, кој се случил во населбата Вашингтон Парк. Една од жртвите, 35-годишен маж, бил застрелан повеќе пати и прогласен за мртов на местото на настанот.

Шестмина од повредените се итно префрлени во блиските болници и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Полицијата работи на собирање информации за уште три жртви, вклучувајќи 37-годишна жена, 23-годишна жена и 35-годишен маж.

Сите биле однесени во болници, но нивната состојба сè уште не е позната.

Според властите, ниту еден полицаец не бил погоден за време на нападот.

Осомничените за инцидентот сè уште не се уапсени, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, три лица се ранети

(ВИДЕО) Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелка во близина на Денвер

Едно лице загина, осум се повредени во масовно пукање во Алабама

(ВИДЕО) Пукање во близина на универзитет во Флорида, 12 се повредени, меѓу нив и шест деца

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана