ВИДЕО: Првпат во историјата, автомобил орбитира во вселената

Од:

Црвен спортски автомобил „тесла“ од чии звучници ечи легендарната „Space Oddity“ од Дејвид Боуви, со кукла во вселенско одело од вчера орбитира околу Земјата.

Автомобилот е поставен на орбита која во елписа се протега од Сонцето до Марс.

Тоа е првпат во историјата на човештвото, автомобил да се најде во вселената, што воедно е неверојатна реклама за моделите „тесла“, кои важат за возила на иднината.

– Автомобилот ќе се оддалечи од Земјата на околу 400 милиони километри и ќе лета со брзина од 11 километри во секунда, изјави Маск на брифинг за новинари.

Тој додаде дека според оценките, возилото ќе се наоѓа на таа орбита неколку милиони години или можеби и повеќе од една милијарда години. На автомобилот на Маск се инсталирани три камери кои ќе праќаат, како што кажа тој, „епски“ снимки.

Автомобилот се најде таму откако вчера компанијата „Спеј икс“ го направи историското лансирање на супер-тешката и супер-моќна ракета „Falcon Heavy“. Лансирањето беше успешно, а во живо го следеа милиони луѓе низ светот.

Би можело да ве интересира

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

Берлин: Запалени четири автомобили на Тесла

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија