(ВИДЕО) Прва реакција на Трамп: „Подготвен сум за втората фаза од санкциите кон Русија“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да премине на втора фаза од санкциите против Русија, сугерирајќи дека би можел да го засили притисокот врз Москва или нејзините купувачи на нафта поради фрустрацијата поради војната во Украина. Трамп во минатото постојано се закануваше со дополнителни санкции, но привремено ги одложуваше за да ги продолжи разговорите.

Најновите изјави укажуваат на зацврстување на ставот, иако американскиот претседател не прецизираше дали донел конечна одлука или што ќе вклучува „втората фаза“ од санкциите.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали е подготвен за втора фаза од санкциите против Русија, Трамп одговори: „Да, сум“. Трамп, според Ројтерс, покажа растечка фрустрација од неговиот неуспех да ги запре борбите во Украина, иако првично тврдеше, кога ја презеде функцијата во јануари, дека војната може брзо да заврши.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска