ВИДЕО: Прв директен лет од Австралија до Европа

Од:

Од западниот австралиски град Перт денеска кон Лондон полета авион на авиокомпанијата „Квантас“, што треба да го изведе првиот директен лет од Австралија до Европа.

Летот на авионот од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ треба да трае 17 часа и 20 минити, за време на кои леталото ќе измине 14.496 километри.

„Боингот“ е специјално прилагоден за овој лет со обебзедување дополнителен слободен простор и намалување на бројот на седиштата во авионот на 236.

– „Квантас“ се подготвува за ваков лет од неговото фомирање во 1921 година, изјави на церемонијата во Перт пред полетувањето на авионот директорот на австралискиот авиопревозник Алан Џојс.

Првиот лет на „Квантас“ на релација од Австралија до Велика Бротанија бил реализиран во декември 1947 година. Авионот тогаш летал од Сиднеј до Лондон со седум попатни слетувања и летот траел вкупно четири дена.

„Квантас“ планира од 2022 година да воведе и директен лет од Сиднеј до Лондон.

Инаку, најдолгиот директен лет на редовна авиолинија во светот го изведува авикомпанијата „Ер Индија“. Станува збор за лет од Њу Делхи до Сан Франциско, чие растојание е 15.140 километри.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт