ВИДЕО: Пропалестински демонстранти упаднаа во ресторан и го нападнаа канадскиот премиер

Од:

Стотина полицајци беа испратени во ресторан во Ванкувер, каде вечераше канадскиот премиер Џастин Трудо, откако околу 250 пропалестински демонстранти го опколија ресторанот. Двајца мажи беа уапсени, еден за наводен напад на полицаец, а другиот за опструкција, додека демонстрантите скандираа кон Трудо, вееја палестински знамиња и бараа премиерот да повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

„Срам да ви е, имате крв на рацете“, извикуваа дел од демонстрантите. Полицијата успешно го извлекла Трудо од ресторанот околу 22 часот и тој не е повреден.

Трудо претходно го повика Израел да покаже максимална воздржаност за да ги заштити цивилите додека израелските сили продолжуваат со нападите низ Газа.

„Ги слушаме сведочењата на лекарите, преживеаните, децата кои ги загубиле своите родители. Светот е сведок на убиства на жени и деца“, рече Трудо. Тој исто така го повика Хамас да престане да ги користи Палестинците како жив штит, но еврејските лидери остро ги осудија неговите забелешки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Канада возврати на царините на Трамп

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

ВИДЕО: Трамп повторно зборува за Газа како „неверојатно вреден недвижен имот“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски