ВИДЕО: Продолжуваат битките за Соледар и за Бахмут

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е знак за неуспех на Москва тоа што имало внатрешни руски расправии околу тоа кој е најодговорен за тактичкиот пробив во Соледар.

„324 дена целосна војна и како сè се промени за Русија. Тие веќе се расправаат за тоа чија е заслугата за некаков тактички напредок. Ова е јасен знак за неуспех за непријателот. И тоа е уште еден поттик за сите нас да вршиме уште поголем притисок врз окупаторот и му нанесуваме поголеми загуби на непријателот“ – вели Зеленски.

Тешката битка за Донецк продолжува. Битката за Бахмут и Соледар, за Кремина, за други градови и села на истокот од нашата земја продолжува порача украинскиот претседател.

Иако непријателот ги концентрираше своите најголеми сили во оваа насока, нашите војници ја бранат земјата“, рече Зеленски.

Специјална единица на украинските сили објави фотографии за кои се вели дека потврдуваат дека е лага руското тврдење дека е заземен Соледар.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски