ВИДЕО: Приведени приврзаници на Навални на московскиот аеродром Внуково

Од:

Руската полиција уапси неколку приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални на московскиот аеодром Внуково. Тие таму го чекаат Навални да долета од Германија.

На видео-снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата ја приведува опозициската политичарка Љубов Собољ

Навални денеска се враќа во Русија од Германија каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи, а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски