ВИДЕО: Припадници на Кинеската армија чистеше улици во Хонг Конг

Од:

Кинеската народноослободителна армија ги изненади жителите на Хонг Конг кога нејзини припадници се појавија на улиците во маици и шорцеви, помагајќи им на жителите да ги исчистат остатоците по антивладините протести.

Според западни медиуми, присуството на војници на улиците, дури и затоа што тие помагаат во расчистување на патишта во близина на нивната база, би можеле да ги ублажат понатамошните полемики околу автономниот статус на таа кинеска територија.

Расчистувањето следува по полициската акција од петокот против демонстрантите на кинескиот универзитет, на кој дел од демонстрантите продолжуваат да го блокираат пристапот.

Продемократските организации веруваат дека операцијата за расчистување би можела да биде „сериозен преседан“ ако градските власти ја повикаат војската да се справи со внатрешните проблеми.

Безбедносните аналитичари проценуваат дека околу Хонг Конг се стационирани околу 12.000 војници – повеќе од двојно повеќе од вообичаениот број.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он