Пријател на момче убиено во Париз ги раскажа деталите за нападот кој бил во возилото со Нахел (17) во моментот на пукањето. Toj сними видео во кое открива што навистина се случило кобното утро кога полицаец пукал и го уби тинејџерот за време на сообраќаен прекин во Нантер, предградие во западниот дел на Париз. Момчето на социјалните мрежи објави видео во кое вели дека „на социјалните мрежи има многу лаги“ и дека ќе ја раскаже „приказната од А до Ш“. Патникот, кој бил со Нахел во автомобил со полски таблички, рекол дека тие позајмиле возило и отишле да се возат низ Нантер, но „не биле под дејство на алкохол или дрога“.
Тој рече дека биле на автобуската лента кога забележале полицијци на мотори и застанале. Тој рече дека еден полицаец дошол до прозорецот и и му се заканувал на Нахел. Исклучи го моторот или ќе те застрелам“, рекол полицаецот, според пријателот на убиениот млад човек. Тој додава дека полицаецот со дршката од пиштолот го удрил Нахел, пред да дојде друг полицаец и да го стори истото. Тогаш првиот полицаец му го ставил пиштолот на главата на Нахел и му рекол „не мрдај или ќе те застрелам во главата“.
SHOCKED! Friend and passenger of Nahel Nanterre reports shocking act by police!
"The other policeman even says shoot at im". pic.twitter.com/ITIxv7e1Jb— Mentnews (@Mentnews_) June 29, 2023
Тој тврди дека вториот полицаец потоа му рекол да пука во него и дека првиот полицаец потоа повторно го удрил со дршката од пиштолот. Ова го принуди Нахел да ја ослободи сопирачката од возилото.
Другиот полицаец потоа пукал, предупредувајќи го Нахел да ја тргне ногата од педалата за гас.
“Го видов во болки, се тресеше. Се исплашив. Излегов од возилото и побегнав. Мислев дека може да ме убијат и мене, па избегав”, рече младиот човек.
Локалните медиуми јавуваат дека во Лион биле испратени и припадници на специјалните сили за да го вратат јавниот ред и мир. Малку порано, градоначалниците на Лион, Грегори Душе и на Марсеј, Бенои Пајан, побараа да се испрати полициско засилување во градот поради немирите. Пукањето во кое беше убиено 17-годишно момче, идентификувано само како Нахел, беше снимено и објавено на социјалните мрежи, што предизвика нови тензии и судири меѓу полицијата и младите во Франција.