(ВИДЕО) Пресврт во убиството на рускиот блогер: Ние го убивме, а не Трепова

Од:

Окружниот суд во Москва го одобри барањето на обвинителството за притвор на Дарија Трепова, која беше уапсена по експлозијата во која во неделата загина прокремљскиот воен блогер Владлен Татарски. Трепова се товари за тероризам и нелегално тргување со експлозиви. Тој ќе остане во притвор до 2 јуни 2023 година, а рочиштето беше затворено за медиумите.

Според обвинителството, Трепова во неделата попладне во кафуле во Санкт Петербург му ја предала статуетката полна со експлозив на Татарски. Откако таа му го врачила подарокот на блогерот, статуетката му експлодирала во рацете. Истражниот комитет го квалификуваше како терористички напад, тврдејќи дека бил планиран и организиран во Украина.

Медуза известува дека организацијата која себеси се нарекува Национална републиканска армија (НРА) ја презеде одговорноста за убиството на Татарски. Претходно, организацијата ја презеде одговорноста и за убиството на Дарија Дугина.

„Организиравме и спроведовме акција на 02.04.2023 година, против групата З-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски“, се вели во пораката објавена од НРА „Овој чин го подготвивме и го извршивме самостојно и немаме никаква поврзаност ниту сме добиле помош од странски структури, а камоли од специјални служби“, соопштија оттаму.

НРА исто така изјави дека нивната акција не била насочена против „мирните цивили“ и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина. Организацијата ги повика руските активисти за човекови права да и помогнат на Дарија Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот. Тие, исто така, ги повикаа Русите да се спротивстават на режимот во Кремљ на сите нивоа, „до негово целосно уништување“.

Владлен Татарски беше убиен во неделата во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, што е втор атентат на руска територија на лице тесно поврзано со војната во Украина. Во таа експлозија беа ранети повеќе од 20 луѓе.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше над 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најистакнатите воени блогери кои ги славеа руските воени напори во Украина и често ги критикуваа неуспесите на военото раководство.

Новинската агенција ТАСС цитира неименуван извор кој вели дека импровизираната експлозивна направа била скриена во минијатурна скулптура која му била предадена на Татарски додека тој им се обраќал на група луѓе во кафуле.

Каналот Mash Telegram, кој е поврзан со руската полиција, објави видео на кое наводно се гледа на Татарски, со микрофон во рака, како му се предава мала скулптура на војник со шлем. Тие рекоа дека експлозијата се случила неколку минути подоцна

Би можело да ве интересира

Девојка во Русија е осудена на 27 години затвор за убиството на воениот блогер Владлен Татарски

Московскиот суд ја одби жалбата на Дарија Трепова, која беше обвинета за терористички напад

Русија: Идентификувавме уште еден од напаѓачите на Татарски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Погребан рускиот воен блогер кој беше убиен во Санкт Петербург: „Вагнеровци“ место венец донесоа чекан

ВИДЕО: Се појави вознемирувачка снимка од моментот на атентатот на рускиот блогер Татарски

Дарја Трепова e обвинета за тероризам

Горан Наумовски