ВИДЕО: Престрелка пред седиштето на ЦИА

Од:

Агент на ФБИ отвори оган врз вооружен маж кој се појавил на платото пред главниот влез во седиштето на ЦИА во Вирџинија, соопштија властите.

Во соопштението на ФБИ се наведува дека осомничениот излегол вооружен од својот автомобил, поради што агенти на ФБИ отвориле оган и го повредиле.

Напаѓачот, кој досега не е идентификуван, веднаш бил пренесен в болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.

– Го анализираме инцидентот и ќе настојуваме колку е можно побрзо да дојдеме до конкретни заклучоци, се додава во соопштението на ФБИ.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин