ВИДЕО: Премиерот погоден во главата поради задолжителната вакцинација

Од:

Премиерот на карипската држава Сент Винсент и Гренадини, Ралф Гонзалвес повреден е во текот на протестот во главниот град Кингстаун и префрлен на Барбадос на лекување.

Протестите почнаа поради неколку амандмани на законот од областа на здравството со кои се предвидува задолжителна вакцинација против Ковид 19 за работниците во јавната управа.

Гонзалвес е погоден си тврд предмет во главата додека се движеше помеѓу демонстрантите.

Министерот за финансии го извести парламентот дека премиерот е префрлен на Барбадос каде ќе му биде направена магнетна резонанца. Тој кажа дека власта го смета нападот како обид за убиство.

Би можело да ве интересира

Европската комисија го прекинува договорот со Валнева за вакцината против Ковид-19

ПХЕ: Вакцините можеби нема да можат да го спречат ширењето на варијантата Делта на Ковид-19