(ВИДЕО) Пратеникот Крах ја „демолираше“ Калас: Не знаете што се случува во Куба, во Европа и во светот

Од:

Максимилијан Крах, германски пратеник од АфД, ја „демолираше“ високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, пред Европскиот парламент.

За време на дискусијата за надворешната политика на Европската Унија кон Куба, тој практично ѝ кажа на шефицата за надворешна политика на ЕУ дека таа е „нула“.

„Госпоѓо Калас, зошто да разговарам со вас за Куба? Токму ја прочитав вашата автобиографија. 432 страници апсолутно „ништо“. Во Естонија, книгата е со 80% попуст и чини само 3,99 евра. А не е достапна ни на Амазон. Не знаете што се случува во Куба, во Европа и во светот“, рече пратеникот од АфД.

Потоа продолжи: „Знаеш за дипломатија и надворешна политика исто колку што знаеш за операција на мозок. Би водел позначаен разговор со мојот хрчак за црни дупки во џуџести галаксии отколку со тебе.“

Би можело да ве интересира

Калас повика на итен прекин на непријателствата во Либан и почитување на прекинот на огнот

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Лавров остро и одговори на Калас: Срам за ЕУ

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина