Захарова: Калас залудно се надева дека ќе посредува во преговорите меѓу Русија и ЕУ

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја отфрли можноста високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, да биде вклучена во преговорите за украинскиот конфликт како претставник на ЕУ, велејќи дека дури и разгледувањето на таква улога е „залудно“.

„Залудно е“, кратко изјави Захарова, реагирајќи на изјавите на Калас во кои таа зборуваше за своето искуство во преговорите и ја отфрли идејата поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да дејствува како посредник во дијалогот меѓу Русија и Украина, објави РБК Русија.

Калас претходно изјави дека би било „неприфатливо“ Москва да одредува кој ќе ја претставува Европската Унија во какви било преговори, оценувајќи дека тоа би значело дека Шредер ќе „седи од двете страни на масата“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Италијанската мафија се обидува да купи украински дронови на црниот пазар

Захарова: Во Велика Британија владее сукцесија и во политиката, не само во монархијата

Нова полемика: Карлсон остро удри по Калас

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за Европа

Захарова: Америка има можност за поефикасен дијалог со Русија

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија