ВИДЕО: Пожар зафати зграда во Тајван, 46 мртви, десетици повредени

Од:

Вкупно 46 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во пожарот што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван, јавуваат странските агенции.
Повредените се на возраст од осум до 83 години.

Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени.

Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Командантот на градската противпожарна служба Ли Чинг-Си рече дека пожарникарите се уште се пробиваат низ зградата и дека е можно бројот на жртви да се зголеми.

Градоначалникот Чен Чи рече дека зградата била делумно напуштена и дека во неа претходно имало ресторани, караоке клубови и кина.

Властите ги истражуваат причините за пожарот, вклучувајќи ја и можноста да е подметнат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна