Руската противвоздушна одбрана собори две беспилотни летала во и околу Москва, област која е нападната шести последовен ден, изјави рано утринава градоначалникот на руската престолнина.
„Вечерва противвоздушната одбрана собори беспилотно летало во квартот Можај, во Московската област. Друг дрон погоди зграда во изградба во центарот на Москва“, објави Сергеј Собјанин на Телеграм.
The moment Ukrainian drone strikes Moscow-City. #MoscowCity #Moscow #Russia #RussiaUkraineWar pic.twitter.com/rLywOGTwqS
— Natalka (@NatalkaKyiv) August 23, 2023
Според првичните информации, во нападот нема жртви. Руската новинска агенција РИА Новости претходно објави дека се слушнала „експлозија“ во деловниот кварт на Москва. „Зграда во изградба во центарот на Москва е лесно оштетена“, јави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.
Ноќните снимки објавени на социјалните мрежи, кои Франс прес не можеше да ги потврди, покажуваат дека чад се издига во близина на облакодерот.
MOSCOW NEVER SLEEPS. AGAIN.
Muscovites record a video with sound of the flying drone and it’s hit.
“Tonight, the air defense shot down a drone in the Mozhaysky district of the Moscow region. A second UAV hit an under-construction building in Moscow City.” reported Moscow Mayor… pic.twitter.com/o5rPK8AJv9
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) August 23, 2023
Авиосообраќајот на московските меѓународни пристаништа Домодедово, Шереметјево и Внуково е прекинат, јавува и ТАСС, повикувајќи се на надлежните служби.
Руската територија сега е цел на напади со беспилотни летала речиси секој ден. Рано утрото во вторникот, два дрона се урнаа над Московската област, во Красногорск, северозападно од главниот град, скршејќи ги прозорците на една зграда, јави репортер на АФП од местото на настанот. Во текот на летото над деловниот кварт во Москва беа соборени дронови, а во мај во близина на Кремљ беа соборени два дронови.