Четворица припадници на индиските безбедносни сили и двајца бунтовници загинаа во денешниот смртоносен напад во Кашмир, пренесоа локалните медиуми.
Ова е еден од најсмртоносните инциденти изминатата година во претежно муслиманскиот регион на Кашмир, каде што автономијата беше укината во 2019 година со одлука на индиските власти.
Началникот на регионалната полиција Вијај Кумар за Ројтерс изјави дека бунтовниците нападнале и контролен пункт во северниот дел во близина на местото Срингар, најголемиот урбан центар во регионот и усмртиле локален полицаец и уште двајца членови на резервната полиција.
Двајца бунтовници беа убиени, исто така, во контранапад од страна на индиските безбедносни сили, во нападот беше усмртен и еден индиски војник.