ВИДЕО: Повеќе од милион Канаѓани без струја, на многумина им се заканува Велигден во мрак

Од:

Повеќе од милион луѓе останаа без струја во четвртокот, откако ледената бура погоди две од најнаселените провинции во Канада пред празничниот викенд, носејќи замрзнат дожд и силни ветрови кои урнаа дрвја и далноводи.

Повеќе од милион луѓе се без струја во Квебек и околу 120.000 во Онтарио, според Poweroutage.com.

Повеќе од половина од 39-те милиони жители на Канада живеат во овие две провинции.

Дистрибутерите на електрична енергија во двете провинции се обидуваат да ја вратат струјата, но поправките се очекува да траат со денови и многу Канаѓани ќе го поминат Велигден во темнина.

Премиерот Џастин Трудо, кој беше избран за пратеник во округот Монтреал, понуди федерална помош доколку е потребно.

„Ова е многу тежок момент… Прекин на струја за толку многу луѓе, паѓање дрвја, оштетување згради и автомобили“, им рече Трудо на новинарите на улица додека службите за итни случаи отстрануваа паднато дрво зад него.

Монтреал е една од најтешко погодените области во Квебек. Околу половина од прекините на струја во таа провинција паѓаат на Монтреал.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка